На 26-тиот Републички фестивал на младински и детски хорови, кој викендов се одржа во Кавадарци, присуствуваа над илјада хористи од Македонија.
На натпреварот Основното училиште „Живко Чинго“, Велгошти, Охрид го освои второто место. Под диригентска палка на проф. Оливера Петкоска, хорот се претстави со песните Ода на радоста од Л.В.Бетовен и Всјакое дихание – црковна. Фестивалот годинава се одржува по 26-ти пат, а возобновен е пред четири години.
„Во саботата настапија 18 детски хора, а во неделата 9 младински. Вкупниот број на учесници надмина 1000. Учествуваа хорови од сите региони во земјава. На фестивалот учествуваа хористи од општините Кочани, Охрид и охридско Велгошти, Скопје, Велес, Битола, Куманово. За оценувањето на натпреварот се погрижија еминентни професори.“ – изјави за WebOhrid, директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски.
Организаторите очекуваат наредните години фестивалот да добие и меѓународни размери со учество на хорови од соседните држави.
Директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски
Извор:WebOhrid