ВМРО – Народна партија ги започна подготовките за одбележување на стогодишнината од Охридското востание Делегација на ВМРО – Народна партија од Охрид викендов го посети спомен обележјето од Охридското востание во Велгошти каде биле стрелани неколку лица.
На иницијатива на ВМРО – Народна партија, Советот на Општина Охрид ја усвои одлуката за одбележување на овој настан од историјата на Македонија. Оваа година ќе се одбележува стогодишнината од Охридското востание. По тој повод, ВМРО – Народна партија ги започна подготовките околу одбележување на овој значаен дел од историјата за Охрид и за Македонија.
Ние како партија, целосно ќе се заложиме да им се оддаде почит на загинатите за слободата на Македонија. За таа цел, ќе побараме од Локалната самоуправа, спомен обележјето во Велгошти кое е подигнато од потомците на стреланите, хултикултурно да се уреди и на 12 септември свечено да се положи свежо цвеќе од официјални делегации од градот и од државата. Охридското востанието е значајно по тоа што оружените македонски чети го кренале востанието заедно со четите од албанскиот револуционерен округ.
При тоа четвртиот српски полк бил заробен заедно со сите офицери. Неколку српски топови биле заробени во Охрид, каде што четите на Петар Чаулев и Павле Христов влегле на 12-ти септември. Охридското востание било задушено по десет дневна борба со српската војска. По задушувањето на востанието, голем број охридски села биле запалени, а на Крстовден, на 27 септември биле стрелани неколкумина жители на селото Велгошти.
ВМРО – Народна партија