Во атарот на црквата „Св Петка“ со почеток во 11часот на големиот христијански празник ВЕЛИГДЕН се одржаа традиционалните коњички трки .
– Во организација на коњичкиот клуб „Велгошка гордост“ од Велгошти, и годинава продолжува традицијата стара стотина години. Секоја година се повеќе народ е присутен. Со помош на црквата и разбирањето на црковните власти направивме тука еден импровизиран хиподром и се надевам дека оваа традиција никогаш нема да згасне, иако кризата од светот се одразува и кај нас, вели Спасе Панџак, секретар на клубот кој е организатор на трката.
Покрај kоњичките трки свеченоста биде збогатена со културно уметничка програма при што ќе настпи КУД „Илинден“ од Велгошти
1 Место
Коњот на Мечески Климе – Олуја
2 Место
Коњот на Крлески Наум – Џокер
3 Место
Коњот на Размоски Томе – Сивка
https://www.facebook.com/photo.php?v=10200169881477867&set=o.197118990330775&type=2&theater