Градоначалникот Александар Петрески, преку сопственото советничко мнозинство, на најгруб начин, без никаква објективна причина, ги смени претставниците во училишните одбори во средните општински училишта, на вчерашната седница на Советот на општината. И тоа токму во фаза кога во Гимназијата од страна на Училишниот одбор е формирана конкурсна комисија и распишан оглас за избор на нов директор поради истекот на мандатот на сегашниот! Ваквата постапка Петрески ја оправда како резултат на мошне лошата состојба во тие училишта, со хаосот и голема недисциплина на часовите. Му требала ваква одлука зошто со своите ингеренции не можел ништо да стори!Наместо да побара одговрност од самите директори, за што има надлежност, Петрески ја пронајде одговорноста таму каде што не и е местото, во училишните одбори. Наместо директорите соодветно да преземат мерки за кои единствено самите се надлежни и да поднесат извештаи до училишните одбори и до Градоначалникот, па и да сносат последици вклучувајќи го нивното разрешување, Петрески мудро вината ја наоѓа кај членовите на училишните одбори, именувани од Советот! Тие биле пречка!!! Токму одговорниот однос на училишните одбори му пречи: не може да царува! Повеќе од јасна е целта на Александар Петрески: со контрола на училишните одбори како законски определен орган на управување, преку своја политичка инсталација да обезбеди целосно управување со училиштата. Старата, добра практика на функционерите на СДСМ, од една старна фрлање прашина во очите на јавноста а од друга страна спроведување на партиски директиви!Срамно е за оние три-четиринаесет советници кои му овозможија успех во таквата замисла! Уште повеќе за оние кои се декларираат како опозиција на Градоначалникот и тоа во услови кога дури и два-три советници од неговата коалиција се издигнаа над тесно-партиските интереси и не ја поддржаа оваа провидна игра.Но образованието е пресериозна дејност. Тоа е иднина на нашата иднина-иднина на нашите деца. Затоа не може и нема се туку-така да помине!ВМРО-ДПМНЕ го повикува Градоначалникот Александр Петрески, да престане со постојаните упади во институциите, органите и телата во рамките на локалната самоуправа заради остварување на тесно-партиските интереси.Граѓаните ја препознаваат ваквата практика кај функционерите на СДСМ и истата нема да ја толерираат,се вели во соопштението на  Центарот за комуникации на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.


Deprecated: trim(): Passing null to parameter #1 ($string) of type string is deprecated in /home/q0y9rzsxk4tw/public_html/velgosti.com/wp-content/plugins/simple-lightbox/includes/class.utilities.php on line 545