Националниот празник Илинден во Охрид ќе биде одбележан со бројни манифестации и настани. Централната прослава годинава ќе се одржи во  Велгошти. Празничната манифестација ќе почне на 1 август во 20:30 часот пред споменикот на илинденските борци, на кој ќе биде положено цвеќе, а за вечерта е предвиден и настап на КУД „Илинден“ од Велгошти.

В сабота на 2 август во 9 часот ќе биде положено цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци во Градскиот парк, на градските горбишта и на споменикот кај Пентов мост.

Свеченост по повод Илинден ќе се одржи и во селото Плаќе. На 2 август во чест на 105 годишнината од Илинденското востание во црквата „Свети Илија“ ќе се одржи богата културна програма, како и интересна претстава на импровизиран напад на комити врз селото.