Помина една година откако градоначалникот ни вети дека ќе направи канализација во селото Велгошти, но ништо од тоа.

Во меѓувреме, водата тече по улиците, а  ископаниот пат ги крши автомобилите, реагираат жителите од Велгошти:

 

– Како претседател на месната заедница имам морална одговорност да  ги застапувам жителите од селото. Канализацијата започна да се изведува пред две години, но не е завршена, Сите улици се ископани и мислам дека е време да се преземат конкретни активности. Голем срам е за село кое е веднаш до градот, да биде несредено како Велгошти, изјави денеска на прес-конференција, претседателот на месната заедница, Димче Шапкарески.

Како што рече Шапкарески, ниту една работа што е започната не  била завршена како што треба:

– Градоначалникот Петрески ни вети дека за три месеци по ланските избори, дека ќе ни биде направена канализацијата, но и по една година, нема никакви активности кои ќе го подобрат нашиот живот во селото, додава Шапкарески.

Доколку не се земат предвид нивните барања, велгоштани се заканија дека ќе излезат и на мирни протести.

 

Извор: Супер радио