Само трпение

wpid-jimmy_za_kolumna.jpgТато јас сум жртва на транзицијата….“. Мирен бе алоо. “Или не. Жртва на преродбата. Или исти ..бииип..ми е “. Јас во очиве како кромид.  Море дете не е исто то. “ Како и да е јас сум оштетен, ми требет појќе пари…уаааа за тебе татааааааааа, уаааа за небриченион Бранко, уааа за неимарон Кољо, уаааааааа за Џорџе лапсузон, мал ми е џепарацот и зато….“.

 

Шшшшшшш…Мирен бре реков. Полека. Не се викат така за тие чичковци, колки толку тие се некој …бип.. фактор во држава бре синко. Едниот беше и премиер и претседател, едниот сега е претседател, ваљда е, другиот е премиер. Пак најсетне шо мене уа? Нити имам врска со преродба нити со транзиција нити со …….. Не одат така работите. Ме здрви бре синко. Почнав да ја нишам глава ко недовотен, ко Биба Секуловска. Појаваш дете. И плус немојт така на сите уааа та уааа. Тие море дете си имет секој различни  задолжениа, обврски, одговорности, а плус то прает различни гомнејнци. Немој така во ист кош. Ако се кој годе не се шо годе.

И не се решават така само со уа. Си имат ред то. Ако си жртва на транзиција се земат прво транспаренти и се пишит културно , дистоинствено и суштествено како : “ Бранко – ишчелај се“, “ Ен два три , во ниви ти се скри“, “ Спушти се ти долу“, “ Не  ми вратија кусур во лебара пред 15 години-срам да тие“, “ Не за кинеските кондоми “  и друго. Достоинствено само. И неојт само со транспаренти. Па ќе земиш магаре гладно, исушено, некоја кокошка шо имат капс..Нешо со шо ќе аргументираш з`ш си незадоволен.

А ако пак си жртва на преродбата: “ Стоп за симсон фризури“, “ Пуши ти на тераса“, “Неидај на нива- ни газиш по два трапа“, “ Ендендини саваракатини саварака тика така – од букефала чешај му ги со рака“, “ Да би тебе како нас низ подрум ти шетале и низ нозе ти се плеткале…“ ( ова ак си пештанец)“, “ Ај да те видам речи- Трактор, ора, крај два бора јас си седам згора, згора, трт, трт.“ И друго. Со јасна порака да е.

Све во свое време. Све ќе се решит. Одговорни луѓе се. Е сега претервет во карајнциве ама све е то за добро на нас. Народов. Македонскиов. Едно ќе решит Бранко, Коле друго , Џорџе ништо. Така си ојт. Ете вчера ми се заеба казанчето од шољана. Течит. Ако го видит Аце ќе речит: ојде фира клозетон. Коле ќе речит: така т`ебит. Ама нема љутиш. Тие двајца ќе си имет пет различни става. Како викет: 1000 луѓе 1000 умој – 1000 жени 2000….Арно ама  ти ќе си најш некое решение. Не одма уааааа. Цап од оние влошкине, ќе упијат све и уживај си. Е сега да не се појавит од негде Момирон мојт да сликат и да дрнтат…влошките се полни со ова, со она и да ја заебит работата.  Зашо цела бела ја прает оние ко Момирон и колегине негови, Росица, Симе, Соња, Нина…Мада се жалет дека се уморени. Ам кој им е крив. То им е работа. Морат да забележет све шо овие политичари им велет дека ќе имат. Многу важно. Коле ги викат: Дојте во Пештани ќе кивнам во 10 сатот како никој досега. Бане: Идајте во 11  на парцела број 12,  КО Лакочереј ќе се почешам на левиот бут со деснава рака. Панде: Во еден Радожда ќе застанам на ветар без капа и ќе се чешлам обратно од ветров….Море све е то важно. Е сега новинариве се жалет дека овие ги викале насекаде, ги расалиле а ништо важно не им кажале. Еми како? И да киваш и да се чешаш и да се чешлаш и да зборвиш? Ам не се Цицерони овие. Ај се село да горит и така и така…Ама вака. Мада и да горит. Данк на тебе зеленион елек, опаа апаратон од две кила и гаси..гаси..гаси..

Зато сине само трпение. Слушај го ти тато. Голем е све знајт.  Све ќе се средит. Ако не овај петок другата среда. Како викет: Трпение спасение. Ако немавме таквко трпение не оти ќе имавме држава денес. Не оти ќе имаше кај нас булук имиња како: Трпе, Трајче, Нада, Сотренко, Мирко….Прадедоти, дедоти еве и јас сега, уште чекаме саглам политичар . Ам уште го немат. Ам го немат. Трпение синко. И ти ќе се изначекаш…можда и син ти, можда и…

“Чек тато сега. Ти ептем ми  забега. Имам предлог. Како и да е.  И ти си прав и мене ми требет појќе пари. А да најдевме јас и ти разумен компромис……?????“.

За velgosti.com пишува:

ЏИМИ
jimmy@t-home.mkОваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите