Се што сме почнале мора да завршиме. Досега за овој објект бев запознаен од разноразни судски одлуки и решенија, барање за легализација, барање за одлуки за градба, цртежи, слики итн. но и редовно бев информиран пред се од пратеникот Александар Николовски за сите очекување на жителите на Велгошти за тоа колку им значи тоа овој објект да се догради, да се санира и да е пушти во употреба. Тој потенцира дека агенцијата за млади и спорт пред неколку години вложи пари одобрение од владата”, истакна директорот на агенцијата за млади и спорт Лазар Попоски.
Директорот појасни дека инвестицијата во Велгошти владата ја одобри и дека обезбедени се средства од буџетот на Р Македонија во вредност од 20 милиони денари. Овие пари ќе бидат инвестирани во рок од три до шест месеци со што ќе допринесеме да завршат сите градежни работи и објектот да го предадеме во употреба. Јавната набавка за избор на изведувач е веќе распишана”, истакна директорот Попоски. Тој најави дека градежните работи ќе започнат во септември.
Пратеникот Харалампие Шокаровски откри дека сите административни работи привршуваат и дека очекуваат да започне оперативниот дел за изграба на спортската сала.
„Ова е една од работите која мене лично многу ми тежеше долг период. Ова е објектот кој го ветивме уште во 2006 год во кампањата и е доказ дека некогаш доцниме со реализацијата на ветувањата, но и дека секогаш ги остваруваме, но сите проблеми за жал беа поврзани со институции кои не се поврзани со државата. Се надминаа имотно правните односи. Скоро година дена имавме блокади од страна на градоначалникот на општина Охрид, поради што прво несакаше да даде документи за легализација и одобрение за градба на објектот. Среќа што успеавме да ја добиеме таа дозвола и еве денес објавуваме градба на овој објект”, вели пратеникот Александар Николовски.
лихнид