Разгневени од веста дека со судска одлука на приватна фирма од Охрид и се вратени комбињата кои ги заплени Шумската полиција на граѓани од Велгошти, Охридско на Фејсбук профил на OHRID1.COM и eмаил реагираат дека повторно победиле како што ги нарекуваат ”комуњарите” за кои како што тврдат ”топ не ги бие” ни кога е СДСМ на власт, а уште помалку кога денес кога владее ВМРО ДПМНЕ.
Како што стои во десетината пораки, тие најавуваат дека ќе се организираат и ќе ги бараат назад дваесетината возила кои ги запленила Шумската Полицијата, од леки коли, комбиња па се до џипови кои со месеци стојат запленети и судот не суди во нивна корист да си ги добијат назад.
” Јасно е со кој шурувале сосптвениците на фирмата кои се докажани од времето на СДСМ како нивни членови кои во ерата на Б.Ц. стекнаа големи богатства и тоа им е малу па сега во ерата на Грујо удрија на сечење дрва на црно, и повторно не им може никој ништо, бидејќи за комуњарите времето скеогаш работи, за разлика од нас , кога ние работиме само за избори, а потоа тргаме маки исто како да е СДСМ на власт ”
Револтирани некои од граѓаните пишуваат дека веројатно е време за Селска буна и земање на ”мотка во рака” со која ќе се разберат со тие од ВМРО ДПМНЕ кои шуруваат со луѓе кои немаат врска со партијата.
Тие уште бараат јавно да се каже кој ја играл играта да не се достави одлуката на судот до Македонски шуми, а ако е доставена да се види кој ја примил и го испуштил рокот за жалба.
Извор:MKdnews.com