Две лица од Охрид загинаа во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Ресен, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Влатко Пaнтоски-ди-џеј Пантер, (1977) и Наумче Аврамоски -ди-џеј Бруце (1985) и двајцата познати музички работници од охридското Супер радио синоќа го загубија животот во сообраќајна несреќа, што се случи во близина на планинскиот превој Буково на магистралниот пат Охрид – Ресен.
Во несреќата, што се случи околу 21 часот полесно е повреден Ј.С. (1985) од Охрид, кој сe наоѓа на лекување во Општата болница во Охрид.
Несреќата се случила кога возач на товарно возило – шлепер „волво“ со албански регистарски таблички преминал на спротивната коловозна лента на која во насока кон Ресен се движело возилото „форд ескорд“ со охридски регистарски таблички управувано од загинатиот Влатко П. Автомобилот со предниот лев дел удрил во дел од полуприколката на камионот по што од ударот се превртел надвор од коловозот