Споменик на Христо Узунов во Охрид

Споменик на македонскиот револуционер Христо Узунов ќе се подигне на местото каде што се наоѓаше старата библиотека во Охрид, информираше денеска локалната самоуправa.Проектот за уредување на тој простор е изработен во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.

“Предвидено е во првата фаза да се отвори погледот кон болничките цркви и Самоиловите тврдини кај Долна порта, и да се изгради катче за одмор со многу зеленило и клупи“, изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
На тој простор не е планирана изградба на никаков објект, освен споменик на војводата Христо Узунов, додаде Петрески