Нешто пред 14 часот Охрид го зафати краткотрајно олујно невреме проследено со силен ветер, дожд и грмежи. Поради невремето градот околу половина час остана и без напојување со електрична енергија. Поради невремето отежнато се одвиваше и сообраќајот, а голем дел од возачите ги застанаа своите автомобили додека не мина олујата.

Студениот бран кој од вчера го зафати и Охрид предизвика намалување на температурите за петнаесетина степени. Според синоптичарите ваквото време ќе се задржи до среда

MAGLA