Православните христијани утре и задутре ќе одбележат два големи летни празници. На 7 август 2008 година (четврток) – вечерта, по повод празникот на „Св. преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“ во манастириот „Света Петка“ – Велгошти, со почеток во 19 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба.
На 8 август 2008 година (петок), во манастирот „Света Петка“, Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Св. преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високо преосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со повеќемина свештенослужители.
Ден по свеченостите посветени на Света Петка, ќе започне одбележувањето на празникот на “Свети Климент Охридски Чудотворец и Светиот великомаченик Пантелејмон”, на кој охриѓани му посветуваат посебен пиетет. Празничната вечерна богослужба посветена на Патронот на Охрид-
Светиот Климент ќе се одржи во Манастирот на Плаошник утре во 19 часот, а со неа ќе чиноначалствува Митрополитот Тимотеј.