Најголем настан во Скребатно е прославата на Света Богородица 28 август. Тоа е денот на заштитничката Света Богородица. Цела година Скребаштани се подготвуваат за тој ден, а го празнуваат цела недела,така беше и оваа година
Обичај од памтивек е црквата да дели ручек. .
Ручекот е манџа од овчо месо, сервирана во земјени чинии и дрвени лажици. Со неа се служи прекрасен селски леб печен во домашни фурни на дрва.
За таа цел се колат 50-80 овци и јагниња, а манџата се готви истиот ден во големи бакарни котли. Тој ден се послужуваат околу 5.000 ручеци и тоа за само еден час. Доживување е да се види тоа.
velgosti.com