По повод роденденот на Тодор Александров во Спортската сала во Велгошти која го носи неговото име, се одржа спортски турнир, именуван како „Спортски Ден“. На него учествуваа 300 ученици од сите основни училишта од општина Охрид, како и ученици од основните училишта од општина Дебарца и општина Вевчани. Настанот имаше натпреварувачки карактер.
„По повод роденденот на Тодор Александров организиравме спортски настан, кој е регионален натпревар од сите основни училишта од општините Охрид, Дебарца, Вевчани. Имаме награди, медали, пехари, дипломи. Се надеваме дека овој ден ќе прерасне во една традиција и дека бројот на учесници ќе се зголемува од година во година“, – истакна в.д. директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски.
Претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњаноска им ги додели медалите на најуспешните во фудбал. Прво место освоија учениците од ОУ „Христо Узунов“. Второто место го освоија учениците од ОУ „Ванчо Николески“, додека третото место го освоија учениците од ОУ „Братство Единство“.
За најдобар стрелец беше прогласен Марко Арсенов од ОУ „Христо Узунов“, а за најдобар голман Христијан Димоски исто така од ОУ „Христо Узунов“.
Советникот Илија Арнаудовски им ги додели медалите на најуспешните во Пинг-понг (машки и женски).
Медалите во Пинг-понг машка конкуренција ги освоија: 1-во место Наум Стефаноски од О.У. „Христо Узунов“, 2-ро место Наум Шибакоски од О.У. „Живко Чинго“ и 3-то место освои Маријан Петрески од О.У. „Ванчо Николески“.
Пинг-понг во женска конкуренција освоија: 1-во место Кети Маркоска од О.У. „Живко Чинго“, 2-ро место Теодора Танеска од О.У. „Христо Узунов“ и 3-то место освои Олгица Симонова од О.У. „Христо Узунов“.
На најдобрите во шах (машки и женски) медалите им ги врачи советникот Коста Трифуноски.
Првите три места во шах машка конкуренција ги освоија: 1-во место Дејан Аслимоски од О.У. „Ванчо Николески“, 2-ро место Јован Латкоски од О.У. „Ванчо Николески“ и 3-то место освои Александар Ламбески од О.У. „Св. Наум Охридски“.
Во женска конкуренција ги освоија: 1-во место Симона Бошкоска од О.У. „Св. Климент Охридски“, 2-ро место Ивана Настоска од О.У. „Ванчо Николески“ и 3-то место освои Мартина Лачоска од О.У. „Христо Узунов“.
Директорот на ЈП „Нискоградба“, Сашо Донев ги додели медалите за најдобрите во баскет (мажи и жени).
Најдобри во баскет во машка конкуренција беа: 1-во место О.У. „Григор Прличев“ 1, 2-ро место О.У. „Христо Узунов“ и 3-то место О.У. „Григор Прличев“ 2.
За најдобар играч во баскет, машка конкуренција, беше прогласен Кристијан Кузманоски од О.У. „Григор Прличев“.
Најдобри во баскет во женска конкуренција беа: 1-во место О.У. „Григор Прличев“, 2-ро место О.У. „Дебрца“ и 3-то место О.У. „Христо Узунов“.
За најдобар играч во баскет женска конкуренција беше прогласена Ивана Блажеска од О.У. „Григор Прличев“.
В.д. директорот Ѓоко Чингоски на сите школи учесници им додели благодарница за нивното учество на „Спортскиот Ден“.
„Спортскиот Ден“ беше во организација на ОУ „Живко Чинго“ Велгошти, а се реализира со поддршка на Локалната самоуправа.
Претставници од Министерството за образование и наука денес го посетија училиштето каде што во тек е реконструкција на истото.
„Посетата од Министерство за образование и наука беше во состав на реконструкцијата која што е во тек. Станува збор за проект од светска банка, кој се реализира во Р.Македонија, каде е опфатено и нашето училиште. Гледавме во тој проект да влезат и скалите и комплетна фасада на училиштето“. – изјави Чингоски за WebOhrid.