По повод роденденот на Тодор Александров, 4 март во спортската сала во Велгшти која го носи неговото име, ОУ Живко Чинго заедно со Сојузот за училишни спортови ќе организира Спортски ден. Овој настан ќе биде регионален во кој што ќе се вклучени сите основни0и средни училишта од Охрид, потоа основното училиште од Општина Дебарца и основното училиште од Вевчани.
На овој спортски настан ќе бидат вклучени над 300 деца од регионот. Целта на овој настан е развојот на училишниот спорт. Децата ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини: фудбал, кошарка, пинг – понг и шах. Се надеваме дека овој настан ќе прерасне во традиционален. Исто така, се надеваме дека Локалната самоуправа ќе го помогне овој настан – истакна Јоне Станковски, професор во ОУ Живко Чинго кој е и член на Советот на општина Охрид, како и претседател на Комисијата за спорт и млади.
Почетокот на натпреварите е закажан за 9:30 часот во спортската сала „Тодор Алесандров“ во Велгошти.
Извор :OhridTimes