Командирот на полициската станица во Охрид, Добре Петрески на членовите на Советот на општината им рече дека немаат морален и стручен кредибилитет да расправаат за работата на полицијата.
Оваа скандалозна изјава, оценуваат во опозициската СДСМ, претставува груба навреда врз советниците кои се избрани од граѓаните и имаат законска надлежност да ја оценуваат работата на локалната полиција.
Ова е и демонстрирање сила, однесување својствено на полициските држави, кое за жал се поинтензивно го промовира ВМРО ДПМНЕ.
Општинската организација на СДСМ од Охрид, остро го осудува овој скандал и од министерката Гордана Јанкулоска бара итно да го разреши командирот Добре Петрески. Доколку не го стори тоа, тогаш таа мора да си поднесе оставка зошто скандалот во Охрид е директен атак врз демократијата и уставниот поредок.
Конечно, министерката Јанкулоска и нејзината партија ВМРО ДПМНЕ треба да сфатат дека со вакви скандали секојдневно и се повеќе не оддалечуваат од влезот во евроатлантските структури, се вели во партиското соопштение потпишано од претседателот на Општинската организација на СДСМ од Охрид Науме Јованоски.