Шуќур. Абре имало господ. Се исчисти ова Охридов од гостишча. Абре не се дишеше. Да прдниш да зојт беше. Да ти кажам годинава можда имавме едно 300 до 523 гости. Можда и појќе. Да бе, не се идржвеше. Па на крај краишта шо кој онакво барет овде бре. Не се ќори дека ние не сакаме градов да ние туристички. Да сакавме све ќе напрајве да е така. Незнам шо појќе требеше да им прајме за да се мафнат.

 

Ај шо дојдоа..немојш да ги избркаш. Море носи им пијачка после еден саат, море бајати јадења море….ете и почнавме да им наплаќаме за пресоблеквење на плажа по 10 денари…Не бре немојш да ги избркаш. А му велев на детето. А прозборе некој неохридски данк 50 денари, скопски 100, странски 3 евра. Како ами. Ако сакаш да се преслечиш плати брееееее. Ак не сеј така, нек ти се напрает мадињата сачми, јајнициите котки. Како ами. Со 10 денари за соблекувална не се бркет.
А никако да се мафнет. Море чаша комојца 100 денари, плескавица колку 5 денарка 120 не бре упорни та упорни. Море алал да му е на таксистине. Дел од ова гостишчава ни ги избркаа тие. Алал да име . Петсто метра 150 денари. Килиметар 200, мада можеа и појќе, а пак мрдна мрдна над три километри,аааааа надрапа…10 евреи брате те маваа лево око не им клепвеше.

Ама и послем ова колку толку останаа. Му кренавме смештаите. Пол кревет 400 денари. Мењање чаршави кај Ташета. Ни по десет дена. Како ами. Бојлер??? Мало им беше езероно а? Земи шампон откорнија косата не да ја мијаш. Шо сакаш прај. Ам гнасна била. Ам ќе е, как да не е. Скопјанишчана ко ќе дојдет Охрид санќим увин чај пијет. А влегоа в езеро а се помочаја. Ко со месеци да го држат вбабуле. Пак им фалеле видрине од Коцета коцкана плажана почнаа и видри да пушчет. Мада рака на нога и ние помогвевме околу видрите. Не оти скопјанишчата да се мафнат, тие се навикнати, џо за другиве да се мафнат. Дел ги избркавме. Ам дел остана.

Море пцујги ко ќе се паркирет, море мочај им се на квакине, море со клучој гребиги колине никако да се домафнат. На еден ми идеше со шлајферица да му поминам на вратана. Жими бродојне. Е кај шо ги спомнав. И нив не ги пуштивме да пловет. Абре се давеа ама пливаа до Свети Ном. Инајџии па па па па. Дел ги снема ама…

Тактика четири, или пет незнам веќе не памтам. Кило патлиџан, охридски демек, 90-100 денари. Абре купвет и седат во градов. Мада та цена реална беше. Да бе. Знајш ти шо значит ехееехе од Охрид во Охрид  да ги донесиш? А ене кај е Струмица. Зато тие беа посрани 69 денари за кило. Плус то незнам колку е точно од овај охридскиов купвиш кило дур ојш дома се прает две. Јас искрено незнам, зш ова година не купив, неможев да земам кредит "за основни прехрабрени продукти – колку да преживејш и средства за хигиена во кој не влегувит течен сапун". Мислам така се викаше. А и тие вошкари. Не ми го одобрија не сум имал платежна моч. Моќ де. Сум  имал многу кредити. А јас имам земено само стамбен кредит, ненаменски потрошувачки, наменски потрошувачки, авто кредит, хипотекарен кредит, кредит за бели пецива, струјоводарен кредит, кредит со 3 жиранти, кредит со два жиранти и кредит за децава за нашколо ама не за книги ами за храна, она шо им давам по 23 денари да си купат шо им душа сакат.

Тук да се вратам на темава. Е на крај не ни останвеше нишо друго. Тепање па и убивање ак требит само да се мафнат.  Да бе. Ако нејќеш милум имат и  силум. Така де. Е послем ова последново си реков , как не ни текна порано мајката. Сега гарант ќе се мафнат. Не бре. Додуша дел се мафнаа дел пак тука. Еваааа неможев да се изначудам. Арно ама как велет старине. Кој куќа градит господ помагат. И така би. Акна дожџ и февга сите. Си реков Боже златен кај беше порано ушче јули да се исчистиме од тие погании туристи. Ем све да им прајш да се мафнет ем нишчо. Погании без осет луќе.
Еми гледаш дека нас не ние до туризам и мафнисе. Немој ни да идаш. Не ме убедви со сила дека Охрид е туристички град жити све. Е вака нас ни е најубо. Сега се дишит ги избркавме и со помош на Господ златен сите 678 туристи се мафнаа и сега сме нарајат.

И ќе си сме нарајат 11 месеци и една недела. Леле убајна. Празни кафани, кафичи дупка, продавници празни…нарачај 3 леба и око да не ти клепвит дал ќе се продает или не. На улица ни песој. А одвреме навреме од нас некој плачит. Ама од радост. Шо ни се испразна градот. После ќе се затворат појќе дуќани, продавници, ќе се отпуштат многу луѓе од наработа. Убајна. Ам како и тие се душички нека се одморат. И така слободно ние Охриѓани ќе им ојме на Скопјанишчана на гости. Па ќе си го посетиме Букефала тро мадињања да му ги чешниме. Ам како за то е клаен тој тука. Сега имаме и два лавој, ќе им ѕирниме под опашка, па уше малку Кокица ќе ни ја изградит портата. Тииии убајна. Знајш шо значит така слободен не вработен без скршен денар да поминиш под портата?? Шо да ти кажвам сам ќе си видиш. И ќе си го осетиш.

Само едно ме плашит. Оние три недели ак ни дојдат пак гнасиве туристиве догодина. Зато морат уше сега, мада да се одмориме од натрапнициве шо сами си се викет туристи, едно месец два, да се организираме  и све да напрајме до година да ги немат. Например кај подмоље и косел да го реновираме патот од први мај до први септември. Не. До октомври, за секој случај. Или пак на сите телевизии реклама: " Не како лани, оваа година во Охрид чаша мастика 200 денари, кревет 1000….нема појќе џабе уживање во градот на Унеско Охрииид" , а позади музика од " Фреди Кругер 2 или 3 " кој било. Така нешчо морат да измислиме.

Мада ако послем ова шо им го праевме годинава пак дојдат е навистина, значи стварно биле нелуѓе, без осет, никави, бездушници, погании….Да летовале во Охрид? Пффффф. Глеш бре дек не сакаме туристи шо кој онакво се таквиш кај нас….незнам шо да речам.

ЏИМИ

jimmy@mt-net.mk