Во секој момент очекувавме Локалната самоуправа на Охрид предводена од веќе кутриот СДСМ ,да илезе и да се обиде да го омаловажи чинот на пуштање во употреба на булеварот Железничка во Охрид. Охрид вчера го доби и официјално вториот булевар , потребната обиколница која сите ја исчекувавме и чекавме конечно некој да ја направи.
Разно разни манипулатори од СДСМ и Општината кои цел живот само земаат од Охрид а на градот ништо не му дале се разоткрија злоупотребувајќи ја уште еднаш и моменталната состојба со Градоначалникот . ВМРО ДПМНЕ покажа повеќе човечност отколку самиот СДСМ за нивниот Градоначалник. Вчера и Премиерот на РМ г-дин Никола Груевски , во разговор со раководството на ОК на ВМРО ДПМНЕ се интересираше за здравствената состојба на Градоначалникот и му посака побрзо оздравување. Во говорот на отворањето на Железничка ,Премиерот и честиташе и на локалната самоуправа за помошта при овој Проект.
Премиерот на РМ вчера го отвори и патот од село Оровник до манастирот Света Недела на кое отворање присуствуваше Градоначалникот на Дебрца ,г-дин Љупчо Којчиноски кој се обрати со почит и чест кон оние кои го изградија патот , но и преставниците на Владата се заблагодарија за помошта. Ете тоа се вистински однос и вредности .
Им ја разбираме фрустрацијата на СДСМ што никогаш ништо не направиле за Охрид , фрустрацијата дека мора да возат и по Туристичка и сега по Железничка, фрустрацијата дека мора да одат и во Плаошник и на Тврдината и во Заливот на коските, фрустрацијата дека Охрид има уште еден Универзитет и нови згради со социјални станови, фрустрацијата дека ќе гледаат професионален Театар во Охрид . А кутриот СДСМ -ништо.
Ги оставаме да живеат во нивниот свет на исфрустрираност и злоба , во нивниот свет на манипулации ,корупции и предизвикување проблеми, го оставаме СДСМ во нивниот свет на вечни порази.
ВМРО ДПМНЕ чекори напред со добри дела и нема време да се занимава со лузери.
ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид