Вмровците од соседно Лескоец го кренаа гласот

Писмо поткрепено со петиција од сите 150 тина членови на Месниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ во Лескоец во кое се бара реизбор на претседател на комитетот и се изразува незадоволство од работата на Општинскиот Комитет во оглед на вработувањата на луѓе од Месен Комитет Лескоец, како и од напуштањето на вмровската доктирна во Охрид испратено е од овој комитет до ОК Охрид и до раководството на партијата во Скопје – објави локалниот портал Ohrid1.com

Имено во  писмото се реагира со ултимативен тон пред се кон претседателот на комитетот Атанаско Михаилов, од кого вмровците од Лескоец изразиле незадоволство од неговата работа.

 

– Точно е дека уаптивме писмо и со него бараме да се избере претседател на комитетот во Лескоец за да можеме нормално да функционираме, а за останатите наши барања мислам дека се работи за внатрепартиско прашање и тоа е се што можам да кажам. Јас сум сега вд претседател и тоа треба да се надмине – рече Љупчо Буџакоски.

Инаку В.Д. Претседателот на Месниот Комитет во Лескоец Љупчо Буџакоски последниве месеци од како го изгубил работното место отворено добивал поддршка од градоначалникот на Охрид Александар Петрески и понуди за негово работно ангажирање.

Месниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ во Лескоец важи за близок до пратеникот Цветко Грозданов, а тој во овој комитет ужива голем авторитет и углед.

Ohrid1.com