На Меѓународниот натпревар по Математика – Кенгур што се одржа на 20.03.2014 година, првачињата од ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти го освоија првото место и го постигнаа максималниот број поени.
„На овој меѓународен натпревар секоја година учествуваат ученици од I-VIII ОУ Живко Чинго, а оваа година најголем број од нив постигнаа високи резултати.“- велат од училиштето.
Првачињата кои го освоија првото место оваа година, беа под менторство на нивните одделенските наставници Љубица Ангелоска Кркачоска и Елена Јорданов. Исто така на општинскиот натпревар по математика за Млади математичари што се одржа на 23.04.2014 година, 6 ученици од ова училиште освоија трето место во нивната категорија (возраст), а исто така повеќе ученици беа пофалени.