Студенчишкиот канал се претвори во ремонтен центар за бродови.Немјаќи каде да ги прегледаат бродовите за да добијат пловидбена дозвола,охридските бродари своите пловни објекти на  суво ги вадат токму во каналот.

-Се создава грда слика за каналот Студенчишта, но и за Билјани Извори.Наместо да уживаат во природата околу каналот,гостите  и охриѓани се принудени да гледаат  слика на извадени бродови на бреговите на Студенчишта.Деновиве кога пловилата беа вадени беше тешко и да се помине покрај  овој дел,бидејќи имаше дигалки,машини,многу луѓе кои учествуваа во операцијата на вадење на бродовите.Студенчишта стана ремонтен центар за бродови.Тоа на овој дел не смее да се случува.Навоз или санка за вадење на пловилата има во Радожда.Тоа таму треба да се прави, вели извор од Охридската  капетанија.

Од Министерството за одбрана потврдуваат дека навоз има кај стришкото крајбрежно село Радожда.Бродарите пак  велат дека санката е мала за да можат на неа да се постатав бродовите,биле преголеми и претешки.Заради тоа Студенчишта принудено стана ремонтен центар.

ohridlive.com