По тесните охридски сокачиња денес  за прв пат се одржа велосипедска трка во стариот дел на Охрид.Патеката е наречена “Лихнид” а поминуваше покрај најпознатите културно-историски споменици на градот.Учествуваа педесеттина велосипедисти од земјава.

– Оваа патека е една од најатрактивните, најекстремните, можам да речам најживописните но од друга страна најубавите бидејќи поминува до бисерите на она што го знаеме како култрно историско наследство во нашиот град, вели Томислав Тунтев од локалната самоуправа.  Атрактивната патека, што овозможува планинско но, урбано возење може да послужи за привлекување на бројни туристи од странство, љубители на велосипедизмот.

– Градови и држави живеат од тој вид туризам. Незнам зошто Охрид не би можело истото да се случува, поготово во овие месеци кога не е шпиц на летна сезона,  вели Сашо Димитриовски претседател на велосипедка федерација.

 

 

 

 Фото:  EcoDrome Ohrid