Убиство и самоубиство се случило денеска околу 17 часот и 30 минути на улицата „Момчило Јорданоски“ под населбата „Бараки“ во Охрид.

Неофицијално дознаваме дека безживотните тела пронајдени попладнево се на маж и жена.

Немилиот настан се случил по семејна расправија. Според непотврдени информации, прво жената го убила сопругот, а потоа си пресудила и себеси.
Во тек е истрагата, а дополнително ќе бидат утврдени причините и мотивите за трагедијата.
Инаку сопругата била вработена во МВР и работела на граничниот премин Св Наум.

Според првичните сознанија од истрагата , жената подолго време била физички малтретирана од сопругот , а семејното насилство за жал кулминирало денес кога се случила трагедијата.

Брачниот пар имал две малолетни деца од кои едното се родило пред неколку месеци, а мајката сеуште била на породилно отсуство.

извор:macedonia-news.info