По поставувањето на канализација, на нова водоводна линија , атмосферска канализација, асвалтирање на главната улица во Велгошти деновиве отпочна и изградбата на тротоари.
Во моментов се работи на поставување на ивичњаци од левата страна на “Илинденска”потоа ке следи и поставување на беkатонски плочки.
Неодамна од Одделението за комунален развој Зоран Шикалоски изјави дека до Велигден ќе се завршени сите активности,но Општина Охрид дури на 06.04 2011 по Истекот на сите тендерски процедури отпочна со работа.
Велгоштани главно се задоволни со почетокот на работите :Незнам дали се работи за предизборен трик или не но ги подрживам напорите да се постават нови тротоари во Велгошти коментира нашиот соговорник и додава дека треба да се реши и проблемот со спорската сала како и асвалтирање на споредните улици кои беа раскопани од изградбата на канализацијата.
фото Н.Богоески