Изминатиов период, во Секторот за внатрешни работи Охрид, евидентни се пријавувања од граѓани на казненото дело „Измама„ извршено од лицето Р.Т. од Охрид.Истиот, со лажно претставување како претставник на фабриката за масло „Благој Ѓорев„ од Велес, доведувал во заблуда повеке пововозрасни граѓани на кои им ветувал масло, шекер и други намирници по многу пониски цени од продажните. Често, пријавениот Р.Т. ветувал и набавка на одредени растителни препарати кои имале лековити својства.
Вешто доведувајки ги во заблуда граѓаните, тој им ветувал брза набавка на договорената стока за што барал исплата од 1000 до 3000 денари или онолку колку што граѓанинот имал во моментот како рата за договорената набавка. Неретко, Р.Т. знаел да зазвони и во домот на измамените граѓани.
Одкако ке ги добиел парите, стекнувајки се со против-правна имотна корист, тој не им се јавувал и избегнувал контакти со граѓаните а во одредени ситуации повторно ветувал дека ке ја достави договорената стока.
Последната пријава за измама сторена од Р.Т. што е регистрирана во СВР Охрид е евидентирана на ден 09.04.2011 година.
СВР – Охрид