Република Македонија одбележува 17 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Денот на независноста во Македонија е државен празник кој се празнува во Република Македонија на 8 септември. Празникот популарно е наречен и како 8 семптември. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Република Македонија и македонскиот народ.

 

Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определил за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласила независност. Веднаш по тој чин дошло до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир завршил за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ….

Независноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина… На 8 април 1993 година Македонија со  акламација во Генералното собрание на Обединетите нации беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Но, поради противењето на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Денес Македонија е призната под уставното име од  116 од вкупно 160 земји кои ја признаа независноста на нашата држава. Меѓу нив се и три постојани членки на Советот за безбедност, САД, Русија и Кина.