Ги искршивме колите,кога ке заврне дожд газиме кал. Кога ке грее сонце се гушиме во прашина-истакнува револтиран жител на Велгошти кој живее во близина на црквата ,,Св. Димитрија,,
Имено веќе неколку години како што започна изградбата на канализационата мрежа во Велгошти но улицата што води до црквата ,,Св. Димитрија,, никако да се санира.
Револтираните жители на Велгошти преку velgosti.com апелираат до локалната самоуправа а посебно до градоначалникот г-дин Александар Петрески да се заврши санацијата на улицата.

Ги повикуваме Градоначалникот Петрески и директорот на Ј.П.Комуналец Саше Алче да повелат да не посетат и да ни објаснат за која улица и како тоа ни наплаќаат   за јавна чистота- коментираат мештаните.

velgosti.com