Спортската сала во Велгошти што според многумуна го носи името на контраверзниот револуционер “Тодор Александров”иако беше официјално пуштена дури два пати никако да почне да се работи.
Во моментов на неа повторно се вршат градежни работи се поставува топлотна и звучна изолација ( енергетска ефикасност ).
Според изведувачите изолацијата требала да била поставена уште при последната рекунстукција.
Инаку спортската сала во Велгошти започна да се гради во 2002 година во непосреда близина на Основното училиште Живко Чинго.
Но, истата никогаш не беше целосно завршена со градба. Во изминатата деценија истата пропаѓаше поради својата недограденост, а беше и руинирана.
Реконструкцијата на салата, Агенцијата за млади и спорт, ја започна на 21 септември 2012 година а премиерот Никола Груевски свечено ја пушти на 04 Март 2013 непосредно пред почетокот на првиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ од изборна кампања за локалните избори.
Пуштена во употреба спортската сала во Велгошти
Заочна реконструкцијата на спортската сала во Велгошти