Денес додека пола Македонија се гушеше во магла Охрид се капеше во Сонце.Охриѓани денес убавото време го искористија за прошетка, кафе муабет, уживајки во природната убавина во секој поглед. Иако недостасува поголем број на гости кејот на езерото, чаршијата, градскиот плоштад беа полни.Задоволство беше да се ужива во сонцето невообичаено за овој период од годината .