Поради основано сомнение дека се сторители на две кривични дела ,, Тешка кражба,, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата Д.В. роден 1983 година и Б.М. родена 1989 година,  двајцата од Охрид.

Пријавените, на организиран начин, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, со употреба на физичка сила и подесен алат, во раните утрински часови на ден 01.01.2009 година, делувале врз бравите на влезните врати од црквите ,, Св. Климент,, и  ,,Св.Петка,, во  Велгошти одземајќи вкупно 1000 денари во разни апоени.

Предметните, одкако претходно конзумирале поголема количина алкохол, со метални шипки, клешти и друг алат, ги скршиле катинарите и бравите од влезните врати на црквите. Со цел да ги прикријат трагите, на излегување, првопријавениот во блискиот дол ги фрлил патиките кои ги носел во моментот на извршување на делата и ги заменил со чевли кои ги имал со себе во најлонска кеса. Истовремено, второпријавениот ги запалил неговите патики и блузата.

По преземените мерки, лицата набрзо се приведени. Кај нив се пронајдени дел од парите кои, од страна на полициските службеници  се одземени со соодветна потврда.

 


Против лицето Д.В. СВР Охрид поднесе уште една кривична пријава за основано сомнение за сторено кривично дело ,,Тешка кражба,,. Истиот, со кршење на стакло од купатило, влегол во куќа, извршил пребарување и одзел дигитална камера ,,Канон,, и околу 100 метри електричен кабел.