dzimi2Нарцис бил едно многу младо и убаво момче кое било заљубено во својата убајна. Заради то одело секој ден на едно езеро кај шо се пулело и се вџашвело од својата убајна. Арно ама еден ден се лизнал стрико Нарцис, паднал и се удајл во езерото. Езерото почнало да плачит, да се трештит кога поминале горските вили и му рекле да не плачит, да не се мрсулајт, бог да простит Нарциса. Сега то е. А пак езерото им рекло: „Не оти исприштев по Нарциса заради него.

 

 Туку тој ко ќе си се гледаше во мене, јас во очите негој си ја гледав мојата убајна.” И најго сега крајот на муабетов.  Е сега. Од овај случај од некош, па наваму, се воведвит терминот „нарцисоиден„. Демек некој кој е многу убав си е заљубен во самиот себе и џанам од него поубав на светот немат. И така е. Ако си си убав прчи се ко паун и мисли си дека си најубав. Нарцис навистина бил лепотан и можда то му давало за право да си мислит така. Арно ама пак во денешно време некој фраерчиња, та локални та државни,  поинаку го сваќет ова. За све шо ќе напрает си мислет дека најубо го прает, никој ко нив немојт да напрајт, а згора на то те убедвит дека аку ти не осеќаш ама ти е убо. Значи според мангупчињата не е битно шо е напраено туку ти дал осеќаш или не.

То ти е исто ко еве на пример денес јас да се слечам, тро да полежам на некоја манука, да станам и негде после некој месец да збифтам и да се истресам, та на двајцата да ни е убо. Мојт вака? А? Крастајци мојт. Ама имат луѓе кој не убедвет во то. Мада не мие криво шо ме убедвет туку ми идет да си ги изгризам дисаѓиве шо мислет дек им вервам. Е овие фраерчиња, во денешно време се нарцисоидни. Само шо работава е таква да му се плукнам, незнајш дал се нарциси тие  или пак езерото. З,ш толку претервет во самозаљубеноста и не само шо мислет дека им вервиш туку бре верват во то шо го зборвет.

Е сега полека дојдовме до надополнување на нарциосодноста со препотентност. Само изгледа џекџињава не разбирет дека препотентност незначит дека имаш ептем потенција, дека си дупаџија. Туку НАРЦИСОИДНОСТ + ПРЕПОТЕНЦИЈА = БЕЗОБРАЗНОСТ или БЕСКРУПУЛНОСТ. Е ваквите личности слободно можам да ги наречам Препотентна Јаловина на Република Македонија. ( во понатамошниот текст ПЈРМ). Е ПЈРМ – овците јас лично не само што ги мразам, ами ко ќе ги слушам, осеќам потреба да ја ејакулирам дотогаш внесената храна на различни начини. Било стоматолошки, во гел состојба(е вака се изразвет ПЈРМ – овците за да не ги разбериме ние глупациве, шо ни е убо ама не мојме да осетиме) или пак чмаративно во нешто потечна состојба. ( ме бендиса изразвењево ќе продолжам вака не за друго, туку з,ш вас ви е убо ама потака ќе осетите, сега само читајте).

Кога било кој член на ПЈРМ – овците ќе презентират нешто, било како аудио форма или видео запис и сето то јас ко ќе го перцепирам,  некако ентериерно почвам да вибрирам (леле изрази – се самоизненадив), фацијалисов ми се затегвит и имам потреба пљукативно да искомуницирам со телевизорон. Арно ама ко ќе ми текнит дека уште имам рати за него, се префрлам на апстиненција во однос на пљукавитизмот и наеднаш осеќам порив на таквата персона да му испратам вербална порака дека би сакал копулативно да поопштам со све негово по список. З,ш ова дескрипција не ја синтетизирав з,ш мене само онака гастро -ветеролошки-анусоидно  ми текна. Туку напрајв опсежна анализа која резултира со неколку заклучоци.

Како прво, години ваквите персони ме општет и мене и ми ја општет фамилијата, а згора на то на сите ни дадоа грејс период во однос на исхраната. А мајка ми после 200 години работен стаж земат 60 еври пензија, татко ми 15 години се тужеше за да ја зејт.

Како второ, зедов кредит да ги пуштам децана нашкола, ко ќе завршат ако имет касмет, дај боже да не се вработет, навечер ми е страв да појдам во уринарнана просторија дома, а не камоли да излезам негде….А се уште ПЈРМ – овциве ме убедвет дека ми е убо. И сега после сето ова неизбежно беше дури би рекол и ихтизателно да донесам декларација со која констатирам дека сите шо се ПЈРМ – овци ми се преку фалусов и ич не чувствувам обзирно – пардонирачка обврска према овие личности , кога тие си дозволвет да применет пенетрирачки став во мојов здрав мозок, а сепак нив за мене им е преку истиот орган.

Очеквам, дека очеквите да дескриптирам на кого е фокусирана мојава повраќателна колумна, ама глупо е одма да ги разоткријам кој се ПЈРМ – овците, з,ш ќе ви е убо одма. А целта ми е малку менгелетичен да бидам кун вас за и јас да придонесам, за сега  то шо сакам да ви го кажам да ви го плеснам в ирис, а потака здравје боже да си ги осетите благодетите. Мислам дека колку толку ќе ви е јасна мојава коресподенција со вас, незнам. Само знам дека мене ми е кристално јасно и чисто дека заради ПЈРМ-овците ни е сме како народ Поранешна Југословенска Република Макеоднија или ПЈРМ.  Само едно уште незнам? Дал ова овците е за нив, сите фраери од 1991 година навака или за нас народов. Не сум паметен за кого.

А? Вие ко народ шо мислите? Или ич не мислите? Никој……..

За velgosti.com пушува:

ЏИМИjimmy@t-home.mk