СВР Охрид , против П.Ш. (18) Ѓ.К.(24) И.А (21) и К.А.(23) сите од Велгошти, поднесе кривична пријава, поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривичното дело „Спречување на службено лице во вршење на службено дејствије„ Кривичната пријава се однесува и за уште едно,засега непознато лице за чие пронаоѓање се преземаат мерки за утврдување на неговиот идентитет.
На ден 06.11.2010 година, на местото Петрино припадниците на Шумската Полиција преземале мерки за пронаоѓање на лица кои незаконито сечеле и вршеле транспорт на огревно дрво. Околу 19 часот, на ова место во пресрет на Шумската Полиција, пријавените пристигнале со возило џип и се упатиле кон возилото на Шумската полиција со намера да го одтурнат од патот по што започнала вербална расправија мегу нив.
Во обид да ги спречи шумските полицајци да ја вршат контролата, првопријавениот извадил гасен пиштол марка „Екол„ кој го купил на легален начин. По извесно време, а со цел да се избегне инцидент од поголеми размери, припадниците на Шумската Полиција со службено возило, по шумски пат се упатиле кон селото каде требало да се сретнат со припадниците на СВР Охрид. Притоа, со службеното возило удриле во патничко моторно возило „Фиат Пунто„ предизвикувајки материјална штета. Во моментот на средба со полициските службеници на СВР Охрид, кон нив се упатила повекечлена група кои почнале да фрлаат со камења. Меѓу нив биле и сега пријавените како и лицето по кое СВР Охрид презема мерки за негово пронаоѓање и приведување.
Со цел расчистување на случајот, СВР Охрид повика повеке лица а кај првопријавениот изврши претрес со обезбедена Судска наредба. Притоа пронајден е и одземен гасниот пиштол. Од страна на службата продолжуваат мерките за целосно расветлување на овој настан.