Почитувани ,

vmro-ohrid-300x225Манипулативното однесување на Градоначалникот на Охрид , Петрески достигна врв . Во обид да го претстави колектор како негова капитална инвестиција , себе си си припишува дека само затоа што исплатите се во негово време , заради тоа тоа е негова капитална инвестиција.

Петрески , веќе го губи здравото расудување и немајќи своја сака да си поигрува со интелегенцијата на граѓаните на Охрид  и тоа по трет пат.  Но , доброто  е што фактички со оваа изјава конечно призна дека тој не направил во Охрид ниедна капитална инвестиција а потрошил 40 милиони евра.

Освен тоа  Петрески е познат по тоа што ги спречил инвестициитена Владата како што се спортските игралишта , затворениот  базен и изградба на Здравствен дом. А не ги остварил своите ветување т.е сега веќе лаги за спортска сала, базен , велосипедски патеки , модерна автобуска ,пазар , конгресен центар , универзална сала. Тоа е за жал Градоначалникот на Охрид Петрески , лага до лага .

Еден вистински Градоначалник на Охрид , треба да престане да се занимава со политичките партии , да престане да лаже дека некој го блокира и да сработи нешто затоа што веќе е сигурно дека  Петрески и по 8 години ќе остане во историјата на Охрид како Градоначалник зад кој нема ништо освен  згради , станови  и уништување на Охрид и како таков ќе биде сместен на црната страна на историјата на градот.

ОК на ВМРО ДПМНЕ  Охрид