Во својот говор во Велгошти по повод почетокот на кампањата за Претседателски избори Александар Николовски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека Претседателот Иванов бил неговиот најдобар професор на Правниот факултет, отсек политички науки.
Во 2008 година заедно со една група негови студенти му предложиле како што е најдобар професор да стане и најдобар Претседател на Македонија. Ја прифати идејата и стана најдобриот Претседател на Македонија! Сигурен водач и чувар на македонските национални интереси, чесен и искрен какви не учеше да бидеме како професор, посветен и вреден и секогаш и на запад и на истиок и во САД и во ЕУ, но и во Русија и Кина за македонските национални интереси.
Со негово лобирање во 2010 Македонија претседаваше со Советот на Европа како "Mакедонско претседателство- Macedonian chairmanship", а јас бев горд што ја водам нашата делегација. Со негово лобирање се доби поволниот кредит за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Професорот, Претседателот Ѓорге Иванов ја оправда довербата и затоаа заслужува уште 5 години да ја води Македонија! Кажа Александар Николовски пред присутните Велгоштани