Охриѓанецот, познатиот и афирмиран музички интерпретатор, Ѓоко Танески, ќе ја претставува Македонија на годинешниот избор за најдобра евровизиска песна „Евросонг 2010“ што ке се одри во главниот град на Кралството Норвешка – Осло.
По повод најновиот успех на Гоко Танески, градоначалникот Александар Петрески, му упатува честитка во која стои:
„Чувствувам лично задоволство, а верувам дека ја споделувам гордоста на сите наши сограѓани, од твојата победа и успехот да ја претставуваш нашата земја на престижниот натпревар во Осло. Твојот успех претставува успех и гордост за целиот Охрид, бидејки со твојот настап на најдобар начин ќе се афирмира и нашиот град. Имајки предвид дека музиката нема граници и најдобро ги поврзува народите, токму „Евросонг“ е можноста да се чуе повторно за Македонија и Охрид.
Твојот успех е наша гордост бидејки Локалната самоуправа и лично јас одсекогаш сме воделе грижа и сме ја давале можната поддршка неоходна за твоите турнеи, концерти или снимања. Сме верувале во тебе и твојот талент, а еве, ти на најдобар начин му возвраќаш на својот град.
Охрид е горд што се грижи за своите талентирани сограгани и заради фактот што во твојот бенд настапи и младиот Дамјан Пејчиноски кој одушеви со своето музицирање на гитара. Локалната самоуправа и јас како Градоначалник токму нему му помогнавме кога се стекна со светска слава на светскиот натпревар на гитаристи што се одржа лани во Лондон.
Честитам, се гордееме и уверуваме дека секој наш сограганин кој го афирмира Охрид, ја има и ќе ја има мојата поддршка и помош. На тој начин, вие со својот талент, а ние со сесрдна поддршка, потврдуваме, заедно, дека овој град е град на духовно богати граѓани, успешни и талентирани млади и со право е вистински презентент на Македонија во светот во многу области, посебно музиката.
Ти честитам за победата и ти посакувам натамошна успешна кариера.<