Или болест незнам. Незнам шо цел имаше скотот? Ке ја садит дома? За огрев? За шо? Ако е за ова нека се јавит кој е јас ќе му купам и нему 29 цреши нека ги садит. Ќе му купам 5 кубици даб ( не цреша волу ) да се грејт. А ако онака за занимација нека се јавит кој е да му ги платиме трошоците на чинење за психијатриско лечење.
Шо душа имаш бре коњу коњосан. Какво срце имаше да откорниш не цреша ами дел од Тошета зеде бе ашлак еден. Дел од обожавателите зеде. И сега како ти е кога ги читаш реакциите за она шо го напрај? Исполнат си ? Убо ти е? Ам ако можиш ладнокрвно да читаш, слушаш за тоа шо го напрај, ти си болен море морону еден. Целта ти беше да бидиш во центар на вниманието? Ами ако тоа ти беше целта кажи се кој си де. З`ш шо ако си ја пернал Брук Шилдс ако не те знај никој.
Ако баш ова ти беше цел, да си на некој начин славен, шо не ме праша мене ке ти кажев шо да напрајш. Мислиш дека покажа храброст? Не бе серко. Ако имаш ти храброст фрли се од некоја зграда бар со име и презиме ќе те пишат. Мочко мочкосан.
Една работа само заборај. Да. Ние не те видовме. Никој. Но биди сигурен тој те има видено. Да ТОЈ. Тошка. Абе коа ти викам те гледат. И знајт кој си. Од нас бегаш, се кријаш, не те знајме ама тој да. Само едно да ти кажам. Прв пат мие криво шо Тоше беше и сеуште е толку добар. Знам дека и покрај твоето сквернавење на неговата душа, сепак тој те гледат и се смешкат, не се нервират и знам дека ќе најдит начин да ти помогнит да се спасиш од бедата шо сега ја имаш во душата. Ако ја имаш. Е то ми е криво. Бедник еден.
И уште нешто ми е криво. Што сите ние и како македонци и како хрвати и како срби и како босанци и како цел Балкан и како Европа и како цел свет што го сакаме и обожаваме Тоше немат да ти простиме, сигурно, а тој знам дека ќе ти простит и мака ми е. И не само шо ќе ти простит ами и ќе ти помогнит да ја исчистиш твојата гнасна душа.
И да знајш. Никогаш не реков за Тоше “ Бог да го простит“. Нема ни да речам зашо не сакам ни да прифатам дека е починат. Всушност и не е зашо сеуште живее во нас, живее во песните, а бедници како тебе се минорни за да можат да наштет на делата негови или да го запрат неговото живеење и све она шо се прајт за тој да живејт вечно. Вие таквите сте помали и од брбушка од овца, брбушко една. А Тоше живејт гнасо една. Биди сигурен.
Арно ама за тебе одма, со чиста совест и без око да ми трепнит можам да речам Бог да те простит. Да. Бог да те простит. Зашо иако дишиш ти сепак си мртов. Да МРТОВ. Од внатре. Зомби си. Жива тие фасадата а внатре си трул и скапан. И не сега, ами одавна си почнат да се распаѓаш и кај и да е ке почнит да ти се ронит фасадата. И мило ми е шо и ќе се разминвиме со тебе, а јас и сите што го сакаме Тошка ќе сме горди, а ти поминвејќи покрај нас ќе се распадвиш и ќе тониш, а ние нема да те препознајме. И поубо да е така. Бар за мене викам. З`ш ако те препознам ќе ти стапнам на вратот. ( Боже простими ама ќе му стапам на гркланот).
За крај само да им се извинам на сите коњи и волој што во почетокот овој бедник го нареков “коњу коњосан“ и волој и овие мили суштества ги споредив со ваква гнаса. Коњи и волој ИЗВИНЕТЕ а ти гнасо една гнасосана аир да не видиш. Ишшшш.
за velgosti.com пишува Џими