ВМРО-ДПМНЕ гради и создава, ја унапредува економијата, го оплеменува просторот и создава вредности. СДСМ од друга страна го уништува просторот заради остварување личен интерес и профит на олигархијата која ја создаде во деведесетите години.
Типичен пример за ова е разлика, според Александар Николоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се градоначалниците на општина Ценатр и општина Охрид. Додека градоначалникот на општина Центар создава планови за развој на својата општина и развој на централното градско подрачје, градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ продолжува со уништувањето на градот.
Имено по низата спорни урбанистички планови со кој трајно го наруши изгледот на Охрид и го уништи туризмот, по дивото и нелегално вцртување на маркици за над 50 нови згради кои се дирекна закана за охридскиот туризам и хотелиерство Градоначалникот на Охрид по налог на својот шеф Бранко Црвенковски предлага дополнување и реализација на план со кој што ќе се уништи градскиот плоштад и автентичноста на Охридската чаршија.
Предлага реализација на план со кој постојаниот комплекс „Летница“ ќе се надогради и продолжи во должина узурпирајќи го скоро половина плоштад се до споменикот на Св. Климент во вкупна корисна површина од над 5.000 метри квадратни.
Комплексот „Летница’ е спостевност на транзициската олигархија создадена од СДСМ и Црвенковски. Со овој план имајќи ја предвид атрактивната локација и скоро минималните средства кои ќе бидат вложени олигархијата на СДСМ ќе заработи помеѓу 13 и 15 милиони евра. Сума која што обичниот деловен сектор и обичните граѓани можат само да ја сонуваат.
Прашуваме дали е ова цената за уништување на Охрид? Кој се покрај Градоначалникот Петрески и неговиот шеф Бранко Црвенковски профитира од ова? Колкав е нивниот дел од оваа зделка и дали е ова концептот за развој на СДСМ, праша Николовски.