Македонија денес го прославува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерната борба.Празникот се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација во Солун.

Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.


Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и на националностите кои живееле на оваа територија, за формирање независна држава. Во политичка смисла, тогаш борбата за автономија значела формирање самостојна држава. Затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност, што резултирал денеска да имаме сопствена, независна држава.

Бидејќи овој ден се смета за основање на ВМРО, македонската јавност идејата за овој ден да се прогласи за државен празник била прифатена со резерва. Македонската опозиција на чело со СДСМ била најмногу против прославата,во која се смета дека партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ не може да се слави како државен празник, па дури и одбивала да учествува во прославата и учеството во разни манифестации, спорстски натпревари . Македонските историчари од МАНУ излегле со неколку причини зошто не треба да се слави овој празник како државен тоа:

    * Историјата бележи дека ВМРО е основано во Солун во домот на Христо Батанџиев на 4 ноември (23 октомври-стар стил) 1893 година. Покрај домаќинот, на основачкиот состанок учествувале д-р. Христо Татарџев, Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов-книжар, Андон Димитров и Петар Поп Арсов.
    * На овој состанок било разгледувано прашањето околу дејствувањето и работењето и идејната поставеност на новата македонска организација. Било одлучено организацијата да дејствува револуционерно и сите активности да ги спроведува строго конспиративно.
    * Дејствувањето да се извршува исклучиво на територијата на Македонија во нејзините природни етнички и историски граници и во неа да членуваат лица родени или исклучиво кои живеат во Македонија, без да се гледа верската и националната припадност. Дискусиите се одвивале во правец на автономија на Македонија со цел да се искористи чл. 23 од Берлинскиот договор.

Некои првоборци и преродбеници сметат исто така дека тоа е празник во служба на големобугарската идеја