Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква  на  вонредна седница што се одржа во манастирот „Свети  Јован Бигорски“, на која присуствуваа архиепископот на МПЦ г.г. Стефан, владиците Кирил, Агатангел, Тимотеј, Климент, Петар и Наум, разговараше за состојбата по пожарот во манастирот, како и за помошта која му е потребна на монашкото братство.

Апел за финансиска помош  упати монашкото братство од Бигорскиот манастир.

Отворен е телефон за донација 143 – 444 на трите мобилни оператори и денарска и девизна жиро -сметка. Граѓаните може да уплатат финансиска помош на денарската жиро сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија

Бигорски манастир Свети Јован Крстител

500-000000-3835-65

Депонент Стопанска банка АД Битола

или на девизната сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија

Бигорски манстир Свети Јован Крстител

IBAN MK07500701000133139

Депонент:Стопанска банка АД Битола

SWIFT STBBMK22.


Deprecated: trim(): Passing null to parameter #1 ($string) of type string is deprecated in /home/q0y9rzsxk4tw/public_html/velgosti.com/wp-content/plugins/simple-lightbox/includes/class.utilities.php on line 545