По повод националниот празник 2 Август, Илинден. градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, ја упатува следнава празнична честитка:

 Изминаа 106 години од Илинденската епопеја и 65 години од првото заседание на АСНОМ, датуми кои се длабоко вкоренати во колективната меморија на нашиот народ и кои претставуваат историски темелник на македонската самобитност, непокор и слобода. Денес Македонија и нејзините граѓани токму врз херојството на нејзините предци, чекори слободно и рамноправно со другите народи и држави во светската заедница. Посакувајќи слободата, развојот и личната среќа на секој граѓанин да биде обележје  на Македонија и во наредните години, во име на општината Охрид и во мое лично име Ви го честитам Националниот празник Илинден“.

 


Искрено Ваш,
Александар Петрески