Со натпреварите во фудбал, кошарка, ракомет, атлетика и одбојка од денес започна најавуваната спортска манифестација „Гимназијада“.

Ракомет се играше во салата „Тодор Александров“ во Велгошти.

Во првиот натпревар во женска конкуренција, „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје го победи „Св.Климент Охридски“ од Охрид со резултат 21-6. Во вториот натпревар „Славчо Стојменски“ од Штип изгуби со 13-18 од „Гоце Делчев“ од Куманово. И во третиот натпревар, „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје победи против „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје со резултат 18-9. Во машка конкуренција, „Никола Карев“ од Скопје победи против „Кочо Рацин“ од Св.Николе со 15-13.

Во вториот натпревар „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје победи со 23-15 против „Св.Климент Охридски“ од Охрид. И во третиот натпревар „Коста Сусинов“ од Радовиш победи со 24-19 против „Никола Карев“ од Скопје.

Гимназијадата ќе трае до 10-ти мај (сабота) кога ќе бидат и финалните натпревари.

Фото:WebOhrid