По 30 годни не-асфалтирано , во првиот мандатот на градоначалникот Никола Бакрачески конечно започна да се асфалтира патот до црквата Свети Климент Охридски во охридско Велгошти, а градежните машини веќе се на терен и работат на изградбата на овој пат .asfaltiranje_velgosti_4001

Одговарајќи на прашање од советник , секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески напомена дека конечно стартуваа работите на патот кои велгоштани ги чекале со децении.

-Во текот на минатата седмица градежното претпријатие ‘’Илинден’’ на терен почна со работа и го реализира тоа наше ветување .Како што знаете во рамки на програмата за работа на градоначалникот и без вашите советнички прашања при посетата на Валгошти беше констатирно дека тоа е најважен локален пат кој е потребен на населението од Велгошти. Веднаш беше даден налог да се облисли практичната изработка на овој пат – рече Спасески и продолжи:-Првичната идеја беше патот до црквата да се работи со бекатон коцки за што веднаш беше обезбеден и дистрибуиран градежниот материјал до местото.asfaltiranje_velgosti_400 Но, при една анализа на градежните инженери и во тесна консултација со населението се посомневавме во квалитетот на повата, бидеј се работи за стрмен пат каде често се јавува свлечиште на земјата. Почекавме да помине периодот на дождови, потоа се направи детална анализа на почвата и се констатира да патот мора да се работи со асфалт со определна подлога која е неопходна за тоа. Најмногу време помина во чекање на стабилизација на земјиштето за да се направи проценка како ќе се изработи овој патен правец – рече општинскиот Секретар.asfaltiranje_velgosti_4003

На терен работите одлично напредуваат и полека но сигурно се назира идниот изглед на патот кон оваа црква.

asfaltiranje_velgosti_4002