По неодамнешното откривање на лица од струшко кои вршеле пустошење и кражба на дрва, денес, од СВР Охрид информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “Кражба“, поднесена е кривична пријава против Д.Б. (48) и М.Б.( 20) двајцата од охридското село Велгошти.d_2

На 14-ти овој месец околу 17 часот и 30 минути, во атарот на селото Велгошти, пријавените се затекнати во нелегален транспорт на 1,2 метри просторни буково огревно дрво во сурова-свежа состојба.

Транспортот го вршеле на локалниот пат со патничко возило-џип марка Нисан Патрол“ црна боја без регистарски ознаки а управувано од Д.Б. без претходно да обезбедат одобрение за сеча и транспорт.
Пријавените претходно извршиле нелегална сеча на дрвната маса со намера противправно да ја присвојат а потоа дрвата да ги продадат на договорени купувачи.14936-d_1