Градоначалникот Александар Петрески утре, на учениците од ОУ „ Живко Чинго “ во Велгошти, ќе им посака успешен почеток на школската година.
Воедно, на првачињата кои првпат ќе седнат во училишните клупи, со пригодно обраќање ќе им го честита првиот училишен час.
Со пригодна свеченост и добро осмислена и организирана програма,повозрасните другарчиња ќе ја искористат можноста да им покажат колку убави нешта научиле благодарение на училиштето и грижата на наставниците.
Учениците од основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, благодарение на Локалната самоуправа,оваа школска година ќе ја започнат во објект со целосно нова надворешна дограма и со комплетно уреден школски двор.