Четириесет и деветгодишниот охриѓанец Спасе П. почина од електричен удар вчеравечер во 20 часот во Велгошти извршувајќи електричарски работи во домот на Ш.К. (1942).
Според МВР, Спасе. П. починал на самото место од електричниот удар. Медицинска екипа од Брза помош го пренела починатиот во Интерното одделение при Медицинскиот центар во Охрид, а потоа во неговиот дом.
Увид извршила екипа од СВР-Охрид