Две македонски државјанки, од кои едната охриѓанка, а другата стружанка, Вчера околу 8:50 ч. загинаа во тешка сообраќајна незгода што се случи во близина на Воден, Република Грција.
Во сообраќајната незгода тешко се повредени уште три охриѓанки.
Официјално дознаваме дека погинатата е Мирјана Неделкоска,(36 годишна момонско Коваческа од Велгошти) сопственичка на бутикот " Пинк". Во несреќата животот го загуби и Кети Трпческа(37) од Струга, а тешко повредени се Маја Бакалова, сопственичка на бутикот "Биг Бен" и Ленче Симјаноска, сопственичка на бутикот "Виола" и Родне Димоска, сопственичка на бутикот „Софи“.
Несреќата се случила кога автомобилот "Рено лагуна “со кој управувала Симјаноска се лизнал на влажниот коловоз и удрил во банкината, по што удрил и во камион "Сканија" со грчки регистерски таблици и неколкупати се превртел.