9A65682E6A152C4EB8C5DA36380D8088Како што известува inpress.com.mk Рано утрово на паркинг просторот кај СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, пред угостителскиот објект „Еспана“, непознати лица со остар предмет во перделот на вратот го расекле 39-годишниот К.Б. од Охрид. Во истиот напад, лицето Д.Т.(1990) од Охрид било удрено со шише во пределот на главата. К.Б. е хоспитализиран во болницата „Св.Еразмо“ и се наоѓа во животна опасност, додека Д.Т.

 

по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.Во Полициската станица во Охрид како можни сторители се приведени: Д.С.(1991) и Ј.М.(1994).

Во друг случај, пред ноќниот клуб „Хавана“ во Охрид, додека 36-годишниот Н.Ј. работел како редар, дошол Ј.Н.(1985) со намера да влезе во објектот, но Н.Ј. му рекол дека не е соодветно облечен и дека во тренерки не може да влезе. Потоа Ј.Н. влегол во казиното „Адмирал“ кое е непосредно до „Хавана“, и по кратко време излегол од казиното со нож во раката и почнал да замавнува кон Н.Ј. и другите присутни.

При приведувањето била употребена физичка сила, по што Ј.Н. бил задржан во Полициската станица во Охрид. Ножот со сечиво од 13 сантиметри е одземен со потврда за привремено одземени предмети, а против лицето ќе биде шпднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден во кафе бар „Пулс“ во Охрид се случила тепачка помеѓу А.М.(1991) и С.Б.(1991) од една страна и Ј.К.(1979), Ѓ.Б.(1993), Д.Ш.(1990), Р.М.(1990), А.П.(1993) сите од селото Велгошти кај Охрид  од друга страна.

До нарушувањето дошло на тој начин што откако А.М. и С.Б. влегле во наведениот објект, каде биле останатите лица, без посебна причина, прво дошло до нивна меѓусебна вербална расправија, која потоа прераснала во тепачка, во која си размениле удари со тупаници и клоци во пределот на главите и телата, а од страна на А.М. и С.Б биле фрлани и предмети (шишиња, чаши и пепељари). Од ударите, сите наведени лица се здобиле со видливи телесни повреди. Истите во 04,10 часот биле приведени во Полициската станица во Охрид, а останатите наведени лица биле повикани за расчистување на настанот.