fotoSikoДеновиве на влезот на Велгошти се поставени нови табли на кои пишува с.Велгошти.Имено не само што се заменети старите искршени и дотраени табли заменет и насловот од населено место вратен е стариот назив село Велгошти.

За време на мандатот на предходниот градоначалник г. Александар Петрески беа поставени табли на кои пишуваше дека Велгошти е населено место.

 

 

На предизборниот собир на последните локални избори Велгоштани од сегашниот градоначалникот Никола Бакрачески  побараа да се вратат таблите и стариот назив каде јасно пушува село Велгошти.

velgosti.com контатираше со преседателот на М.К.ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти кој истакна дека промената на таблите е во согласност со барањата на Велгоштани и тие како најбројна партија во Велгошти стојат зад таквата одлука.