vel1Велгоштани денес го кренаа гласот против раскопаните улици. На мирен собир го изразија својот револт за долгогодишните проблемите со водоснабдувањето и канализацијата кои ги измачуваат. Се започнало со поставувањето на канализационата мрежа улиците се раскопале и останале така со години. Жителите се жалат дека секојдневно трпат штета на автомобилите но и се соочуваат со прашина и кал.

-Се започна со поставувањето на канализација пред три години. Канализацијата не е завршена во Велгошти а од тогаш сите споредни патчиња останаа неасфалтирани, Ние повеќе пати баравме од локалната самоуправа но до денес нема ништо, вели Диме Шапкароски претседател на МЗ Велгошти. Жителите на Велгошти бараат од локалната итно да им ги реши комуналните проблеми.